0

Зошто DrBrowns?

Фокусот на Dr. Brown’s секогаш бил да креираме иновативни производи за хранење бебиња кои ќе допринесат на подобро здравје и оптимална исхрана на бебето. Dr. Brown’s шишињата, но и многу други производи, се вистински пример за иновација на ова поле.

Дизајнирано од страна на доктор во 1996, а патентирано во 1997 година, Dr. Brown’s Natural Flow® е единственото шише со внатрешен вентил систем кој помага да се намалат грчеви, повраќање, гасови и икање кај бебињата со тоа што се елиминираат негативниот притисок и воздушните меурчиња. Намената на вентил системот е млекото да не се меша со воздух за бебињата да можат поудобно да пијат млеко и така се постигнува хранење кое е слично на доењето. Исто така Dr. Brown’s шишињата ги сочувуваат витамините Ц, А и Е во млекото.

Пластичните Dr. Brown’s шишиња не содржат БПА, фталати и олово. Стаклените шишиња се направени од боросиликатни стакла кои исто така не содржат БПА. Сите останати делови од шишињата исто така не содржат БПА. Силиконските цуцли се направени од 100% медицински силикон.

Многу од нашите шишиња се употребуваат во болници, но исто многу важно е што мајките зборуваат за нас и делат искуства за тоа како шишињата им помогнале да се подобри хранењето на нивните бебиња. Dr. Brown’s шишињата се изгласани за најдобри шишиња од мајките во САД со години наназад.