- Како функционира Dr. Brown’s шишето за бебиња?
-
Dr. Brown’s шишето има внатрешен вентил систем кој го нема ниедно друго шише и помага да се сочуваат витамините Ц, А и Е. Внатре во шишето воздухот не се меша со млекото со што драстично се намалува оксидација. Тоа му овозможува на бебето да ужива во процесот на хранење без негативните дејства на воздухот или непријатноста која произлегува од голтање меурчиња. Самиот внатрешен вентил систем овозможува без вакумско хранење, слично на доењето, така да бебињата пијат од шишето на свое темпо. Dr. Brown’s шишињата помагаат да се отстранат проблеми како грчеви, подригнување, гасови и икање.
- Зошто е добро да се избегнува создавање на вакуум во шишето?
-
Двата најголеми проблеми со повеќето традиционални шишиња за бебиња се воздух и вакуум. Воздухот што бебињата го голтаат при хранење може да создаде непријатност, непроспиени ноќи, гасови, повраќање, болки во стомак и други симптоми асоцирани со коликот. Вакуум во шишето може да го пренесе воздухот до средното уво на бебето и така да се појави течност во увото. Традиционалните шишиња без вентил систем имаат тенденција да создаваат вакуум кога бебињата се хранат од нив бидејќи бебињата треба посилно да цицаат од шишето. Бебињата ги затвараат устите на цуцлата, но како што вакуумот се зголемува тие голтаат воздух од ослабнатата цуцла.
- Која е разликата помеѓу шише со тесно и широко грло?
-
Многу мајки го преферираат шишето со широко грло бидејќи цуцлата има поширока основа и бебињата избегнуваат конфузија доколку се навикнати и на доење. Овие шишиња имаат поширок дијаметар и вдлабнатини од страна за полено држење. Шишињата со тесно грло имаат потесна цуцла и често болниците и експерти за хранење ја одбираат оваа цуцла за новороденчиња. Но, секое бебе различно реагира на различни цуцли.
- Дали е тоа цевка во Dr. Brown’s шишето?
-
Вентил цевката во шишето е многу важен дел од вентил системот на нашите шишиња. Низ неа поминува воздухот и останува над течноста кога бебето пие од шишето и така млекото не се меша со воздух. Тој истиот воздух што се избегнува е одговорен за создавање на подригнување, гасови и повраќање.
- Дали Dr. Brown’s шишињата може да се прикачат на пумпата за измолзување?
-
Нашите шишиња со тесно грло може да се употребуваат со повеќето пумпи од други поголеми производители на пумпи за измолзување. Нашите шишиња со широко грло може да се прикачи на нашата пумпа за измолзување Dr. Brown’s Manual Breast Pump.
- Кога треба да се смени нивото на цуцлата?
-
Dr. Brown’s цуцлите имаат различни брзини на проток дизајнирани да се приспособат на староста на вашето бебе и начинот на хранење. Ова се општите правила при избор на соодветна цуцла:
Level 1: 0-3 месеци
Level 2: 3-6 месеци
Level 3: 6-9 месеци
Level 4: 9+ месеци
Y-Cut: за погусти течности
Preemie: за предвремено родени бебиња
Многу е важно да го пратите начинот на кој вашето бебе пие од шише. Доколку забележите дека вашето бебе не добива доволно млеко за време на хранењето можеби е време да ја смените цуцлата за едно ниво погоре. Одберете ја цуцлата која одговара на начинот на хранење на вашето бебе без разлика на месеците.
- Изгубен дел од вентил системот?
-
Цел вентил систем може да се купи додатно, побарајте го во продавницата каде што го имате купено и шишето или било каде што има Dr. Brown’s производи.
- Дали можам да го употребувам Dr. Brown’s шишето без вентил системот?
-
Новите шишиња Dr. Brown’s Options може да се употребуваат со или без вентил системот. Некои родители се одлучуваат да го отстранат вентил системот откако бебињата стекнуваат поразвиени навики за хранење. Ние препорачуваме да го користите вентил системот кога е најпотребно да се искористат предностите на самиот вентил систем.
- Кога можам да го отстранам вентил системот од шишето?
-
Не постои вистинско време за отстранување на вентил системот. Многу родители почнуваат да го користат шишето со вентил системот и експериментираат со истиот како што начинот на исхрана на бебето се развива. Може да почнете со експериментирање околу 6-7 месеци. Доколку вашето бебе покажува знаци на непријатност за време на или после хранењето употребувајте го вентил системот уште барем месец дена, и потоа обидете се повторно без него. Вашето бебе ќе ви покаже знаци и само кога е спремно да се отстрани вентил системот, како намалување на грчеви, гас и повраќање; пие повеќе млеко и побрзо; и пие од цуцла со побрз проток (ниво 3).
- Дали може да се загрее шишето во микробранова печка?
-
Не препорачуваме да го греете шишето во микробранова печка бидејќи може да се создадат врели грутки во млекото или формулата и тоа е опасно за бебето. За да го загреете шишето препорачуваме тоа да го направите во тенџере со вода на шпорет или да го употребите Dr. Brown’s Deluxe Bottle Warmer, нашиот греач за шишиња кој грее течности еднакво и безбедно.
- Дали шишињата и другите делови се безбедни во машина за садови?
-
Да, сите делови од шишињата се безбедни да се мијат во машина за садови, но само во горниот дел од машината.
- Дали може да се стерилизираат Dr. Brown’s шишињата?
-
Да, безбедно е да ги стерилизирате Dr. Brown’s шишињата. Постојат неколку начини како може да го направите тоа:
-Ставете ги сите делови во вода што врие 3-5 минути најмногу. Ви препорачуваме кога ќе почне водата да врие да ги ставите деловите и да го исклучите шпоретот додека се во вода.
-Користете го нашиот стерилизатор Deluxe Bottle Sterilizer, електронски стерилизатор на пареа кој ги собира сите Dr. Brown’s шишиња, и повеќето други шишиња.
Внатрешноста на шишето ќе остане стерилна се додека на дојде во контакт со друг предмет, вклучувајќи ги и прстите. Кога ќе се исуши шишето препорачуваме веднаш да ја ставите цуцлата и капачето за да остане стерилно шишето внатре.
- Како да го исчистам шишето ако е замаглено или со дамки?
-
Постојат повеќе причини зашто шишето може да е замаглено, има дамки или остаток од течноста. Пластичните шишиња и делови стануваат такви од контакт со состојки од формулата како железото, или од сокови, храна, средства за чистење, предолго стоење во вриечка вода и секојдневно миење во машина за садови. Не е веројатно дека овие промени ќе влијаат на перформансите на шишето се додека сите делови се во добра состојба.
Ова се дел од советите на други мајки за ваков вид на проблеми:
-Наполнете го шишето со 50/50 мешавина од оцет и вода и потоа измијте со ладна вода. Многу дамки ќе исчезнат после тоа, а и непријатните мириси треба да исчезнат.
-Дамки од сок може да се извадат со тоа што ќе ставите сода бикарбона и топла вода во шишето и да го исчистите со четка. Да се ослободите од мирисот на стоено млеко наполнето го шишето со топла вода, додадете една лажичка сода бикарбона, протресете го шишето и оставете така да отстои преку ноќ.
- Дали тече шишето?
-
Dr. Brown’s шишињата се со целосен вентил систем за без вакумско хранење, па можно е под некои услови течноста да истече од вентил цевката. Ова се неколку совети за да го спречите тоа:
- Проверите дали цел вентил систем е добро стегнат
- Отстранете го вентил системот додека шишето се грее
- Немојте да го прегреете шишето. Ако се прегрее воздухот се шири во шишето, ја бутка течноста преку вентил системот и така истекува.
- Немојте да го тресете шишето за да направите формула. Наместо тоа употребете лажица за да ја измешате.
- Немојте да го преполнувате шишето. Вентил системот може да не функционира доколку има течност над цртата за максимално полнење.
- Држете го шишето во агол од 45 степени кога го храните бебето.
- Шишето треба да стои исправено при транспорт.
- Употребувајте ги капачињата за патување кога патувате.
- Од што се направени шишињата?
-
Сите шишиња се направени од полипропилен пластика без БПА или боросиликат стакло без БПА. Исто така сите делови од шишињата и вентил системот не содржат БПА. Силиконските цуцли се од медицински силикон.
- Каде се произведени шишињата?
-
Повеќето Dr. Brown’s шишиња се произведени и пакувани во САД. Некои од нашите производи се произведуваат во Кина. Силиконските цуцли се произведуваат во Германија, САД и Кина. На секое пакување јасно е означено каде е произведен производот. Dr. Brown’s е сериозно посветен на квалитет и строго ги тестираме сите наши производи по законските регулативи во Соединетите Американски Држави.